Соопштение за јавност
Четирите инвестиции во енергетиката, предводени од Владата на СДСМ значат производство на електрична енергија, намалување на CO2 и добробит на стандардот на граѓаните. Вредноста на четирите инвестиции од енергетиката надминува над 750 милиони евра. Инсталираниот капацитет би бил над 850 мегават часови, или нешто повеќе од цел РЕК Битола, којшто во периодот работи со намалено темпо знаејќи колку е стар и во каква состојба е, рече Дарио Николовски член на ЦО и СДСМ во Тема на денот во Дневникот на Сител телевизија.
-Верувам дека ниту еден граѓанин не може да биде против инвестиции коишто носат од една страна заштита на јавното здравје, бидејќи знаеме дека Скопје во зимскиот период е еден од најзагадените градови. Овие инвестиции значат производство на електрична енергија, намалување на CO2 и добробит на стандардот на граѓаните“, рече Николовски.
Тој потенцираше дека овие инвестиции значат пред се и помали сметки на граѓаните и се добробит за буџетот на државата.
Ако споредиме со 2017 година кога се носеа странските инвестиции тогаш тоа се правеше тајно и во четири очи, но сега ние како демократска власт, договорот го правиме јавно, а немаме обврска да го споделиме со јавноста, но ние го споделуваме за да видат граѓаните дека работиме во нивна корист
Николовски рече дека Митилинеос е еден од најспоменуваните во јавноста.
– Да бидам искрен, јас ги почитувам политичките коментари, но она што највеќе ми пречи е кога некој се промовира како експерт, а од друга страна го гледаме во првите редови на конвенциите на партиите. Почит кон целата експертска јавност, особено кон професорите, но оние коишто застапуваат политички ставови во период на предизборие сметам дека ова го користат само за политиканство, рече Николовски.
Тој објасни и зошто агроволтаичен парк ќе се гради на плодна почва, како остварлива и добра инвестиција . Ако порано разговаравме за инвестиции на Субрата Рој, сега зборуваме за остварливи инвестиции.
-Агроволтаичниот парк не значи загрозување на земјоделското земјиште, тоа е поставување на фотонапонски панели на одредени висини со цел земјиштето да остане плодно и да се обработува. Нема да биде уништена почвата, напротив повторно ќе има произведување на чиста енергија и заштита на животниот стандард , рече Николовски.
Институциите во енрегетскиот сектор во периодот на енергетска криза ја надминаа кризата безбедно и покрај најавената апокалипса со енергетиката.
Ги рестартиравме сите кризи кои ги имавме, ја воведовме евтината тарифа, донесовме пониски сметки за струја кај граѓаните, а Регулаторната комисија донесе одлуки, цената на парното да биде намалана за 35 проценти.