fbpx

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се поразени и изолирани, Македонија се обединува околу иднината во ЕУ и НАТО

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од антизападниот пион, Христијан Мицкоски остануваат изолирани во намерите да ја оддалечат Македонија од ЕУ и НАТО.

Мицкоски и антизападното раководство се поразени од сопствената партија, од мнозинството граѓани, и од пратениците кои гласаа за иднина во ЕУ и НАТО преку прифаќање на уставните измени.

Мнозинството граѓани и мнозинството пратеници одбраа иднина во ЕУ и НАТО, Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ одбраа да останат во темното минато на изолација, криминал и поделби.

Колку и да е неприфатливо за антизападнто раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, Македонија се помирува, се обединува околу стратешките интереси и незапирливо чекори кон интеграција во ЕУ и НАТО.

 

Скопје, 22.10.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести