fbpx

Македонија се обединувa на патот кон ЕУ, антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ останува осамено и изолирано

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Антизападното, антинародното и антидржавното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски, останува осамено и изолирано во својата злоба и срам.

80 пратеници во Собранието слободно, по сопствено убедување и низ демократска постапка гласаа за иднина во ЕУ и НАТО, преку усвојување на потребата за измени на Уставот.

Пратеници од ВМРО ДПМНЕ му свртеа грб на пионот на Никола Грусвки, Христијан Мицкоски и презедоа одговорност за иднината на државата.

Поразеното антинародно раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од антизападниот играч Мицкоски огромните лаги, измислени во клучни моменти за иднината на државата, ќе мора да ги докажат на суд.

Граѓаните го препознаваат и поздравуваат историскиот чекор на 80те пратеници што обезбедува помирување и национално обединување за врвните државни интереси.

Македонија се обединува натпартиски и надетнички и тргнува кон полноправно членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.

Македонија оди напред.

Скопје, 20.10.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести