Соопштение за јавност
Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев попладнево се обрати на граѓанска трибина во Крушево. Пред жителите на градот, кои се собраа пред Македониумот – едно од обележјата на Република Македонија, Премиерот Заев истакна дека како што во 1903-тата нашите дедовци храбро се бореле и пролеале крв за нашата татковина, така сега од нас се очекува храбра одлука со која ќе ја осигураме иднината на Македонија.
„Еве ја Македонија, еве ги нашите деца, еве ги генерациите што доаѓаат после нас. Еве ја иднината на нашата земја. Зарем ова е малку да застанеме заедно? Заедно треба да застанеме сплотени, здружени, да си ги тргнеме на страна сите наши предрасуди. Политичарите доаѓаат и заминуваат. Македонија е таа којашто не држи сите заедно овде на земјата. Македонија е таа којашто е вредна да не сплоти сите заедно. Децата наши, иднината наша. Ајде заедно да излеземе и да гласаме за европска Македонија“, им порача Премиерот Заев на Крушевчани.
Премиерот Заев потенцираше дека одлуката којашто ја донел и договорот којшто го постигнал со Грција се вредни за генерациите кои доаѓаат. Бидејќи, како што рече, должни сме на нашите поколенија да им ја осигураме безбедноста, да им создадеме услови за квалитетен живот.
„Должност ни е како родители, почитувани возрасни, должност наша е заради нашите деца, заради нашата Македонија, заради генерациите коишто доаѓаат на 30 септември да излеземе и да гласаме ЗА европска Македонија. Секој глас ЗА е глас за иднината на нашите деца“, додаде Премиерот и претседател на СДСМ, Заев.
Членството во ЕУ и во НАТО, како што рече тој, носи бенефит за Република Македонија од многу аспекти – се гарантира нејзината безбедност, се зголемуваат странските инвестиции, а со тоа растат и платите на граѓаните.
„Досега Македонија од 2014 до 2020 година има 680 милиони евра грантови или 94 милиони евра годишно грантови или 260 илјади евра дневно грантови. Со членство во ЕУ ќе имаме 8,5 милијарди, не 680 милиони – 8,5 милијарди евра грантови овде.
Повикувајќи ги граѓаните на 30- ти септември да гласаат ЗА, Премиерот Заев рече дека само така ќе ја донесеме Европа во Македонија и сите ќе живееме во Европа.
„Стоиме на идејата на нашите илинденци и затоа на 30-ти септември мора да донесеме јасна и недвосмислена одлука“, им порача на своите сограѓани, градоначалникот на Крушево, Томче Христовски.