fbpx

Со лажни обвинувања раководството на ВМРО-ДПМНЕ бара алиби за малата поддршка кај граѓаните, Македонија е правна држава

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ширењето лажни вести и невистини стана секојдневие за ВМРО-ДПМНЕ. Денеска преку неосновани обвинувања, раководството на оваа партија бара алиби за се помалата поддршка што ја има кај граѓанте па и меѓу сопственото членство.

Кампањата за референдумот се одвиваат непречено и во демократска атмосфера.

Правото на јавни собори и протести е загаранитрано со закон и никој не смее и нема да го попречува.

Институциите се на висина на задачата и го гарантираат неприкосновеното право на секој граѓанин слободно и по свое убедување да донесе одлука за референдумското прашање. Секој вид на притисок, уцена и закана врз избирачкото право ќе биде соодветно санкциониран.

Нарушувањето на правото на глас и на мирен протест беа одлика на ВМРО-ДПМНЕ и тоа време е завршено.

Во Македонија денес законите важат за сите подеднакво и секој што ќе направи какво било прекршување ќе се соочи со одговорнот, без разлика на неговата етничка, верска или политичка припадност.

Наместо преку несоновани обвинувања да бараат алиби за ниската доверба кај граѓаните, раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да се приклучи кон мнозинството граѓани кои се определени за иднина во ЕУ и НАТО. Наместо лажни обвинувања, раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да повика да се излезе и да се гласа ЗА европска Македонија.

 

Скопје, 24.09.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести