Соопштение за јавноста
Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски, вчера се сретна со граѓани на Берово, а учествуваше и на граѓанска трибина на која се разговараше за придобивките од членството во најмоќните сојузи.
Силна поддршка од страна на граѓаните за започнатите процеси за влез во ЕУ и НАТО, додека од страна на министерот Спасовски беше потенцирана важноста од влезот во НАТО за трајно заштитување на границите и обезбедување на безбедноста на државата и нејзините граѓани.
„Со влезот во НАТО обезбедуваме трајна заштита на границите и територијалниот интегритет. Македонија станува 30-та земја членка на најголмата безбендосна коалиција и рамноправно ќе одлучува со најмоќните држави во светот. За тоа овој референдум, може да се спореди и со реферндумот од 8 септември, кога претходните генерации ја обезбедија независноста, државноста и суверентитетот на Македонија“ порача Спасовски
Зборувајќи за придобивките од членството во НАТО и ЕУ, Спасовски потенцираше дека членството во НАТО не значи само безбедност, туку и раст на економијата, бидејќи сите потенцијални инвеститори бараат безбеден и сигурен пазар за инвестирање. Истовремено, влезот во ЕУ, порача Спасовски е влез на пазар од 500 милиони потрошувачи што значи поголем пласман на македонски производи и зголемена конкурентност на македонската економија.
„Македонија нема друга алтернатива, затоа цврсто и до крај решено го оди овој пат. Членството во ЕУ и НАТО значи дека ги донесеме европските вредности овде. Нашата иднина и иднината на нашите деца е во наши раце и ние треба да донесеме правилна и мудра одлука и на 30-ти септември да гласаме ЗА европска Македонија“ порача Спасовски.