fbpx

Незаконското прислушување и селективната правда беа одлика на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа време заврши, денес секој одговора за своите постапки

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Незаконското прислушување на граѓаните и грубото кршење на нивните права беа одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ но тоа време заврши.

Денес човековите права и слободи се почитувани и гарантирани, нема нелегално следење на комуникациите на граѓаните, а надлежните институции постапуваат независно и во служба на законите.

По јавно допрен глас, надлежните иснтитуции експресно реагираа и случајот со градоначалникот на Демир Хисар веќе се истражува низ соодветна законска постапка. Истрагата ќе ги даде одговори на сите прашања, вклучително и на прашањето за евентуална одговорност.

Времето на неказнивост и селективна правда заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
Денес Македонија е правна држава во која законите важат за сите подеднакво. Секој кој постапува незаконски одговара за своите постапки без разлика на неговата етничка, верска, политичка или каква било припадност.

Скопје, 11.09.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести