fbpx

Незаконското прислушување заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, денес законите важат за сите подеднакво

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Масовното прислушување на граѓаните беше одлика на ВМРО-ДПМНЕ и тоа време е завршено со нивното заминување во опозиција.

Нема повеќе незаконско прислушување на граѓаните и кршење на нивните права, човековите права и слободи се гарантирани и почитувани, а надлежните институции постапуваат во служба на законите.
Надлежните институции експресно реагираа, се истражува случајот со градоначалникот на Демир Хисар низ соодветна законска постапка. Истрагата ќе ги даде сите одговори, вклучително и прашањето за евентуална одговорност.

Времето на неказнивост, протекционизам и селективна правда заврши со заминување од власт на ВМРО-ДПМНЕ.
Денес Македонија е правна држава во која никој не e над законите и тие важат за сите подеднакво. Секој кој постапува незаконски одговара за своите постапки без разлика на неговата етничка, верска, политичка или каква било припадност.

 

Скопје, 10.09.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

Последни вести