Соопштение за јавност
На 22 – та Конференција на Социјалдемократската младина на Македонија се избра новото раководство на СДММ.
За претседател е избран Дарко Каевски, досегашен потпретседател на младината, со големо искуство и работа во областа на младинските прашања.
На Конференцијата се избра и нов Централен и Надзорен одбор на СДММ.
Досегашниот претседател на младината, Стефан Богоев се заблагодари за досегашната поддршка и доверба во текот на целиот мандат. Богоев го истакна и клучниот период пред кои се наоѓаме како држава.
– На Македонија и е доста од политички кавги, кризи и партиски пресметки! Имаме шанса заедно да одиме напред, обединети, сложни и единствени! Сите ние, младите, безразлика на политичка, национална и верска припадност сакаме да живееме подобро, да размислуваме со свои глави, да патуваме, да критикуваме, да се чувствуваме слободно… И на 30 септември младите ќе донесат правилна одлука! Енергијата од оваа сала да ја пренесеме низ цела Македонија! Ајде сите заедно да оставиме белег на нашето време, да направиме нешто со што ќе се гордееме!
Европска младина – за европска Македонија, рече Богоев.
Новиот претседател на СДММ, Дарко Каевски, ги повика младите на зголемена мобилизација во пресрет на Референдумот за кој одлучуваме за нашата сегашност и иднина.
Каевски се осврна на придобивките за младите од членството на Република Македонија во ЕУ и НАТО.
– Обезбедуваме стабилна сегашност и иднина. Младите ќе имаат можност за зголемена мобилност и пренесување на знаења со своите врсници од Европа. Со гласот ЗА на 30 септември, гласаме и ЗА повеќе работни места, повисоки плати и повисок студентски стандард, рече Каевски.
Во претстојниот период ќе се избере и Извршниот одбор на СДММ, како и генерален секретар и потпретседатели на младината.