Соопштение за јавност
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска беше во посета на Кавадарци каде што имаше средби со граѓани и средба со градоначалникот Митко Јанчев.
Тој исто така присуствуваше на прием кај Градоначалникот и на карневалското дефиле по повод Тиквешки гроздобер.
Димитров исто така даде изјава за локалниот медиум КТВ.
Тој рече дека после историската посета на германската канцеларка Ангела Меркел и тоа на Денот на независноста на Република Македонија, пораката е јасна – имаме целосна поддршка за успешен референдум кој ќе ни ги отвори вратите кон НАТО и ЕУ.
Исто така тој нагласи дека предизвиците на локално ниво се видливи, но овој референдум е историска одговорност за сите политичари и не е за една или друга партија, туку за нашата целокупна иднина.
Конечно, членството во НАТО и ЕУ директно ќе придонесе за решавање на предизвиците кои ги имаат граѓаните.
Министерот Никола Димитров јавно и низ директни разговори, особено им се обрати на младите во Кавадарци со порака дека ова е историска можност која мора да се искористи и дека се работи пред се’ за нивната иднина и дека клучот за подобар живот е во нивни раце.