Соопштение за јавност
Носителот на листата во изборната единица 4, Венко Филипче денес ја претстави прогарамата во делот на здравството и здравствените услуги. Тој во своето обраќање ги истакна клучните реформи и политики кои СДСМ ќе ги имплементира следните четири години. Тој рече дека СДСМ има амбициозна, но остварлива програма насочена кон клучните потреби на граѓаните, пациентите и здравствените работници.
„Предвидуваме укинување на партиципацијата од 20% за јавните здравствени услуги, обезбедувајќи финансиските ограничувања никогаш да не стојат помеѓу граѓаните и нивното право на здравје“ – истакна Филипче во воведот од обраќањето.
Тој посочи дека СДСМ за четири години распиша 1000 специјалзации и субспецијалзиации и уште толку планира за следниот мандат. Тој рече дека одливот на кадар е предизвик за целиот регион и веќе е започнат успешен процес на обебзедеување европски услови за нашите здравствени работници преку покачување на платите, платените специјализации и едукацијата. Во следниот мандат целта е, рече Филиче, да го надградиме овој модел и обезбедиме враќање на дел македонските лекари од странство.
„Ќе понудиме европски плати за лекарите кои што сакаат да се вратат да работат и да ги едуцираат идните млади лекари дома“ – потнцеираше тој.
Филипќе истакна дека посветеноста на покачување на платите продолжува и во следниот мандат.
„Посветени сме на значително подобрување на финансиската состојба на нашите здравствени работници. Откако вкупните примања на лекарите специјалисти се повеќе од двојно зголемени, во следниот мандат се обрзуваме дека платите за специјалистите ќе се зголемат во терциерното здравство до 180.000 денари, во секундарното здравство до 140.000 денари, за општите лекари до 120.000, за медицинските сестри со висока школа до 90.000 денари, а на оние со средна 60.000 денари“ – посочи тој.
Во делот на реконструкциите Филипче рече дека е направено многу, но ова е процес кој не запира и никогаш не е доволно. Со планот на СДСМ ќе се обебзеди целосна реконструкција и реставрација на секундарните здравствени установи.
Посебен акцент во своето обраќање, но и во програмата на СДСМ Филипче стави на обезбедување на квалитетна терапија за пациентите.
„Продолжуваме да се грижиме за најтешко болните. По воведување на биолошката терапија, се обврзуваме дека ниту еден пациент нема да биде оставен без оваа квалитетна терапија. По укинување на паралелниот увоз за лекови и обезбедувањето на оригинални инсулини за 20.000 пациенти, се обрврзуваме на воведување уште три нови квалитетни лекови од групата на инсулините. Приориртет и понатаму ќе останат пациентите со ретки болести. Во првиот мандат го зголемивме буџетот за 200% за овие пациенти и воведовме 7 нови лекови. Во следните четири години за секој нов лек кој ќе се појави на светкиот пазар за било која ретка болест, ние ќе го направиме достапен за нашите пациенти“ – рече тој.
СДСМ планира значително подобрување на условите за студентите. Во следните четири години, рече Филипче, ќе ги удвојуваме квотите за упис на факултетите и ќе ја укинеме партиципацијата за студирање на медицинскиот, стоматолошкиот и фармацевскиот факултет. На тој начин ја решаваме критичната побарувачка за здравствени работници и инвестираме во иднината на македонската медицина.