Соопштение за јавност
Инклузивно, фер и праведно општество, во кое најважни се достоинството, почитта и еднаквост и е она во што веруваме, ние младите социјалдемократи. И затоа во нашата програма предвидуваме проекти за доброто на младите, рече Агрон Демири, коностител на изборната единица шест на промоцијата на програмата на СДСМ.
– Новата влада на СДСМ ќе обезбеди по 200 евра во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години. Во нашата програма предвидуваме проекти за доброто на младите „Грижа за младите – Станови за млади брачни парови“. Проектот предвидува изградба на комерцијални станови за млади лица, во чија откупна цена дел од сумата ќе биде субвенционирана од Владата, рече Демири.
Во новата програма, кажа Демири, во план е голем капитален проект, изградбата на капитален спортски објект – Европски Спортски Центар-Кале, кој ќе има затворено лизгалиште, отворени олимписки базени и кошаркарска сала.
– Изградба на атлетско – тениски центар кој ќе овозможи подобрување на условите за спортување и популаризација на овие два спорта, како и реконструкција на пет атлетски патеки во Битола, Кавадарци, Прилеп, Штип и Струмица. На падините на Водно, ќе започнеме со изградба на Адреналински парк за развој на спортско – рекреативниот туризам, рече Демири.
Глас за СДСМ е глас за продолжување на развојот на знаењето и инвестициите во науката, глас за ЕУ стандарди во образованието и глас за силни млади.