fbpx

Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја вознемирува јавноста,економските параметри покажуваат дека економијата се движи во добар правец

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Крајно лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за економија се додека прес конференциите ги држи во луксузниот дворец од десетици милиони евра изграден во време на најголемиот економски пустош што токму таа партија и го приреди на државата.

ВМРО-ДПМНЕ залудно се обидува да внесува вознемиреност меѓу граѓаните, економските показатели покажуваат дека економијата се движи во добар правец. По надминување на напластените проблеми, реализацијата на капиталните инвестиции и оние во делот на Буџетот и оние во јавните претпријатија, се интензивира, со што до крајот на годината би се достигнала предвидената сума за капитални инвестиции.
Истовремено, сите економски показатели покажуваат засилена економска активност и движење на економијата во добар правец. Растот на минималната и просечната плата, растот на индустриското производство од околу 5 отсто, растот на извозот од околу 13 отсто, како и рекордниот износ од 235 милиони евра на странски инвестиции само во првиот квартал од 2018 се само дел од економските параметри што ја потврдуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ залудно се обидува да ја манипулира јавноста со лажни вести, граѓаните гледаат дека се градат нови градинки, се градат и реконструираат автопати, растат платите во одбраната, здравството, образованието, а со финансиите се управува одговорно и транспарентно.

Наместо да глуми загриженост, ВМРО-ДПМНЕ да се надмине себеси и пред јавноста да го каже ставот за референдумот и да каже дали е за македонската иднина во ЕУ и НАТО или за враќање во темното минато на криминал, корупција и изолација?

 

Скопје, 27.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести