Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ не може да престане со ширење на лажни вести преку кои секојдневно се обидува да ја манипулира јавноста, додека по секоја цена одбива да го соопшти ставот за реферемдумот.
Одлевањето на пари од буџетот со напумпани цени и преку нетранспарентни постапки беа одлика на ВМРО-ДПМНЕ и тоа време заврши со нивното заминување во опозиција.
Како што јавно објавени Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, постапката за набавка на електронски картички и изборот на консултант за ревизија на електронскиот систем за наплата се во согласност со Законот за јавни набавки и се реализирани поради оправдана итност.
ВМРО-ДПМНЕ залудно измислува случаи онаму кадешто ги нема.
Градската администрација и јавните претпријатија под надлежност на Град Скопје, одговорно, домаќински и транспарентно управуваат со финансиите на граѓаните и работат во градење на современ ефикасен јавен превоз и создавање на функционален, достапен и отворен град којшто работи исклучиво за потребите на граѓаните.
Зголемувањето на продажбата за 20.000 картички во споредба со минатата година е само еден параметар кој го потврдува тоа.
Очигледно е дека одговорното, чесно и домаќинско работење е непозната категорија за ВМРО-ДПМНЕ и затоа опозициската партија останува заглавена во матрицата на измислици и лажни вести.
Скопје, 27.08.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА