Соопштение за јавност
Заробена во нивната единствена агенда на ширење лаги и измислици, ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека Владата предводена од СДСМ работи во интерес на граѓаните и со целосно почитување на законите и регулативите.
Колку и да не му се допаѓало тоа на ВМРО-ДПМНЕ, времето на договорени тендери, протекционизам и наместени тендери заврши со нивното заминување во опозиција.
Ниту една измислица на ВМРО-ДПМНЕ не може да ги побие реалните факти запазени се законските процедури, јавниот повик е поништен затоа што предлогот не е регуларен и целосен и воедно е распишан нов јавен повик.
Граѓаните да бидат спокојни. Евтини летови и понатаму ќе има, а секој денар од Буџетот ќе биде рационално и домаќински искористен.
Нема повеќе злоупотреба на тендери, се работи домаќински и отчетно и за сите важат подеднакви услови.
Скопје, 22.08.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА