fbpx

Зошто ВМРО-ДПМНЕ не им честита на војниците на АРМ членство во НАТО?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на сите припадници на АРМ им го честита денешниот ден, Денот на Армијата, и им се заблагодарува за придонесот за граѓаните и државата, за професионалноста и посветеноста.

Македонија влегува во НАТО како 30-та земја членка на Алијансата.

Овој историски успех кој значи сигурна и стабилна иднина за Македонија и сите нејзини граѓани е овозможен со мудри политики но и голема пожртвуваност на нашите војници.

Македонија им оддава признание и благодари за тоа. Македонија оди напред кон членство НАТО, кон светла иднина а за тоа треба да им се честита и на припадниците на Армијата.

ВМРО-ДПМНЕ не им честита на војниците на АРМ за членството во НАТО.

Зошто?

 

Скопје, 18.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести