fbpx

ВМРО-ДПМНЕ не може да го покрие своето деструктивното однесување за клучните прашања за иднината, во здравството се работи одговорно

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ не може да го покрие своето деструктивно однесување за клучните прашања за иднината на државата. Очигледно тоа е причината што секојдневно упорно пласира лажни вести.
Здравството 11 години беше на колена и не функционираше, правата на пациентите беа погазени а трудот на лекарите потценет поради криминалните политики ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија сега се движи во правец на одговорност, отчетност и почитување на законите и процедурите.
Во тек е процес на рехабилитација на здравствениот систем преку кој се унапредува здравствената заштита, правата на пациентите и статусот на медицинскиот персонал.
Министерот за здравство нема мандат ниту каква било поврзаност со јавните набавки за јавните установи затоа што постапките се во целост децентрализирани.

Согласно Законот за спречување на судир на интереси, Управниот одбор на клиниката за хематологија ги има одземено сите надлежности, и директорката не може да влијае во процесот на јавните набавки.
Претседателот на Управниот одбор е овластен како потписник во овој процес на јавни набавки, од страна на управниот одбор на Клиниката.

ВМРО-ДПМНЕ може да учи како се работи транспарентно, одговорно и како се слуша гласот на граѓаните.

 

Скопје, 14.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести