Соопштение за јавност
Во Македонија се случува она што не беше замисливо во минатото: одговорност, отчетност, транспарентност, почитување на прописите и законите.
Нема повеќе недопирливи, нема „наши“, „ваши“, „нивни“, нема бегање од одговорноста, за секого важат истите правила.
Видлива е разликата меѓу одговорното однесување на Владата сега, почитувајќи ги правилата, процедурите, законите и дивеењето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Криминалната матрица на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да го разбере значењето на зборот „одговорност“ .
За време на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ криминалот на фамилијата беше под заштита на МВР, се проведе незаконско прислушување на илјадници граѓани, полицијата беше лева рака на злоупотребите и партизацијата, а министерството беше претворено во партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ.
Нема повеќе МВРО-ВМРО. Времето на злоупотреби заврши одамна.
Македонија чекори напред како нормална, демократска, напредна земја во која правилата важат за сите подеднакво.
Скопје, 08.08.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА