fbpx

Нема поголем криминал од 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, украдените пари од граѓаните ќе се вратат во Буџетот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Не постои поголем криминал во историјата на Македонија од 11 годишното коруптивно и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на криминал и неспособност.

ВМРО-ДПМНЕ најбогатата партија во Европа со имот вреден 60 милиони денари секојдневно шири лажни вести и измислици, глумејќи загриженост за граѓаните, истите оние граѓани кои 11 години ги крадеше, осиромашуваше и задолжуваше додека врвот на партијата енормно се богатеше.

ВМРО-ДПМНЕ очајно и залудно се обидува преку лаги да прикаже незаконско работење онаму кадешто го нема. Опозициската партија треба да знае дека единствените крадци се оние кои од државата извлекоа милијарди евра и ги внесоа во оф шор компании на Белизе и други егзотични локации, но треба да знае и дека се она што било стекнато на нелегален начин ќе биде вратено назад во Буџетот од кадешто е и украдено.

Како одговорна партија, СДСМ секогаш се залага и ќе се залага за рамноправност, еднаквост и целосно почитување на правилата и законите. Оттаму, уште еднаш повикуваме да се проверат сите постапки и доколку се појават неправилности или судир на интереси, одлуките да бидат ревидирани.

Наместени тендери, договорени провизии и масовно крадење на парите на граѓаните беше одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа време заврши. Денес средствата од Буџетот се користат рационално и одговорно и не се делат по партиска или семејна линија, како што тоа со години го правеше ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје, 22.07.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести