fbpx

Растот на просечната плата на 24.509 денари ја потврдува успешноста на економските мерки на Владата предводена од СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Продолжува интензивниот раст на платите. Просечната нето плата исплатена за месец мај изнесува 24.509 денари и е повисока за 1.600 денари на годишно ниво.

Според официјалните податоци објавени од Државниот завод за статистика, просечната нето плата во мај оваа година изнесува 24.509 денари, што е за 7,1 отсто повисока во споредба со истиот месец од 2017 година.

Зголемувањето на минималната плата ја отвори спиралата на раст на платите, фактот што околу 90.000 работници добиваат повисока плата позитивно влијае врз растот и на просечната плата.

Мерките што се спроведуваат од страна на Владата предводена од СДСМ, обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, повисоки плати и подобар животен стандард. Во таа насока се дејствува преку активните мерки за вработувања, зголемената поддршка на инвестиции што обезбедуваат фер плати, а следуваат и законски измени коишто ќе обезбедат поддршка на раст на полатите што се повисоки од минималната плата.

Со решавањето на спорот со Грција и со приближувањето на Македонија кон членство во НАТО и интеграцијата во ЕУ, се очекува трендот на раст на платите да се засили и интензивира, со крајна цел просечната плата да достигне 30.000 денари веќе до крајот на 2019 година.

 

Скопје, 21.07.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести