fbpx

ВМРО-ДПМНЕ не беше способна да ја реализира браната Конско, обезбедување на здрава животна средина е врвен приоритет на СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ во очај продолжува да шири невистини и измислици со кои се обидува да ја манипулира јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ не беше способна да ја реализира изградбата на браната Конско, значаен капитален објект што беше проследен со низа на скандали и сомнителни одлуки.

Јавноста треба да ја знае вистината дека претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, го склучила договорот за браната Конско без при тоа да се обезбедат сите потребни документи и дозволи за почеток на градбата. Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ еднаш го поништила тендерот за подоцна да склучи договор за 30 отсто повисока сума, а иако договорот бил склучен, точно три години години ништо не се работеше на браната Конско.

За разлика од таквиот неодговорен пристап на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство иако наследија несоодветна документација и низа грешки во постапката, целосно ги отстранија грешките и спроведоа регуларна и законска постапка. Уште од формирањето на Владата, се работеше интензивно на забрзување на целата процедура со цел побрзо започнување на градежните работи. Освен што се среди целосната документација, се направи и кратење на трошоците за околу 3 отсто од вкупната сума.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во изминатата една година вложи максимални напори за забрзување на сите постапки за реализација на капиталните инвестиции во водостопанската инфраструктура, со цел да се овозможи квалитетно и непречено водоснабдување низ целата држава.

Владата предводена од СДСМ продолжува да работи на спроведување на мерките што обезбедуваат чиста и здрава живтна средина, чист воздух и чиста и квалитетна вода за сите.

 

Скопје, 21.07.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести