fbpx

ВМРО-ДПМНЕ останува во матрицата на поделби и изолација, Договорот е за иднината, а иднината е во ЕУ и НАТО

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ добро знае дека договорот ја носи Македонија напред, но нив ги интересира само личен интерес и амнестија и затоа се трудат да ја лажат јавноста. Постигнатиот Договор за 25 годишниот спор со Грција го гарантира македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската посебност.

Договорот ја обезбедува македонската иднина, иднината како дел од ЕУ и НАТО. Тие две прашања се и тоа како меѓусебно поврани. Ако не беше така, тогаш зошто ВМРО-ДПМНЕ со години преговараше за изнаоѓање решение за 25 годишниот спор?

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да излезе од матрицата на поделби, изолација и конфликти и затоа на секаков начин се обидува да ја закочи македонската иднина.

Владата предводена од СДСМ има обврска пред граѓаните да ја обезбеди иднината. Никој нема да да им го ускрати правото на граѓаните на реферндум, слободно да одлучат за сопствената иднина.

Македонија оди напред и нема да биде заложник на криминалите на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните на референдум ќе кажат ДА за влез во ЕУ и НАТО, ќе кажат ДА за македонската иднина.

 

Скопје, 20.07.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести