Соопштение за јавност
„Вистински промени во македонското општество се можни само со следење на европскиот пат и со членство во европското семејство. Нашата држава нема друга алтернатива. Нашите работници и пензионери немаат друга опција за подобар живот, за достоинствено вреднување на нивниот труд, за посигурна иднина за своите деца и внуци”, порача потпретседателката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Охрид.
Таа додаде дека како што во изминатите години постојано Владата предводена од СДСМ ги зголемуваше пензиите и водеше посебна грижа за сите, така продолжуваме и после 8 мај.
„Ние сме првата политичка партија која воспостави трајна методологија за раст на пензиите, но и постојан раст на платите”, рече Костадиновска-Стојчевска додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ не покажа никаква грижа ниту за државата, ниту за културата, ниту за работниците, нуту за пензионерите, туку дека целосно се посветија на ограбување на народот и на дезинтеграција на државата.
„Во време на ВМРО ДПМНЕ не успеаа да ги осигураат платите во култура, само успеаа десет луѓе да заработат од гипс картонот кој стои во центарот на Скопје”, посочи коносителката на листата во изборната единица 5.
Костадиновска-Стојчевска рече дека промотивното видео кое партијата на Мицкоски го промовира во кое еден актер шета низ магла е вистинската порака која сакаат ВМРО-ДПМНЕ да ја пратат, дека повторно културата ќе биде за одредена група на луѓе и ќе биде заробена во канџите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Навикнати се нивните политики да функционираат само во хаос и безредие. За нив Европската унија, европската култура и идеја не се иднина”, укажа Костадиновска-Стојчевска.
Коносителката пред охриѓани порача дека ова се избори помеѓу светла иднина и мрачно минато и дека на 8 мај граѓаните ќе изберат надеж и европска иднина.
„Немаме време за губење за власта да ја предадеме на манипулатори и креатори на лажни вести и наместени анкети. Тие немаат план за државата, тие од заматените погледи од корупција и незнаење, не ја гледаат иднината, рече Костадиновска-Стојчевска потенцирајќи дека нема време и трпение да живееме во нова мрачна деценија, особено сега кога на дофат ни е светлата европска иднина.
„СДСМ иднината ја носи заедно со нашиот Претседател Стево Пендаровски. Сите ние цврсто и одлучно го газиме европскиот пат и нема да дозволиме никој да не попречи, а најмалку деструктивната и корумпирана ВМРО ДПМНЕ. За нас одамна е јасно- НАШАТА ИДНИНА Е ВО ЕВРОПА и од неа не се откажуваме“, им порача на охриѓани Костадиновска-Стојчевска.