fbpx

Стари лаги од ВМРО-ДПМНЕ, македонскиот идентитет, јазик и иднина се обезбедени, тоа јасно стои во конечниот Договор!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската иднина се обезбедени еднаш засекогаш.
Токму во конечниот Договор точно, јасно и прецизно се наведени сите поединости и нема простор за дилеми и нејаснотии.

Во Член 1 од Договорот, којшто е јавно достапен за секој граѓанин, јасно стои дека државјанството е „македонско“ а официјален јазик е „Македонски јазик“. Во Договорот е појаснето значењето на терминот „македонски„ и се додава дека нема на било кој начин да се поткопа, измени или влијае на употребата од страна на граѓаните.

Залудни се обидите на ВМРО ДПМНЕ да ја искриви реалноста и да го игнорира историскиот успех кој што се постигна. Македонија доби датум за почеток на преговори и доби покана за членство во Нато. Македонија излегува од земја во изолација и станува земја со иднина.
Македонскиот јазик станува еден од јазиците НАТО, а по влезот на Македонија во ЕУ, ќе биде дел и од јазиците на Европската Унија.

Безбедна и сигурна држава, нови инвестиции, нови работни места и повеќе пари кај граѓаните се дел од придобивките кои ги има земјата и граѓаните со членството во НАТО и ЕУ.

Историскиот успех го препознаа сите, честитки за постигнатиот успех и напредок го поздравија сите освен ВМРО ДПМНЕ. Истите тие кои единаесет години ја влечеа земјата надолу .

Не е доцна ВМРО ДПМНЕ да се освести, да се извини и да ја подржи земјата во патот кон ЕУ и НАТО! Патот со кои се трасира подобра иднина за Македонија и подобар живот за македонските граѓани.

 

Скопје, 16.07.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести