fbpx

Ковачевски за Сител: Ќе обезбедиме европска држава со европски стандарди преку изборната програмата на СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Ние имаме еден исклучително позитивен пристап во кампањата и ги промовираме главните елементи на програмата. Самата програма на СДСМ и коалицијата има главен постулат – Северна Македонија членка на ЕУ до 2030 година, со завршени преговори до 2028 година. Сите елементи и седум поглавја кои се набројани во програмата и детално објаснети со мерки и активности се во насока да изградиме европска држава со европски стандард, со европски услуги за граѓаните, многу повеќе правда, многу поголема борба против корупција, повисоки плати, пензии и се разбира многу поубав живот во европска Македонија“, истакна Ковачевски во денешното интервју на ТВ Сител, во Тема на денот.

„Програмата на СДСМ се состои од 7 столбови, првиот е економска енергија за Македонија, потоа многу поголемо владеење на правото со конкретни мерки во однос на реформите коишто треба да бидат направени вклучувајќи и законски и уставни измени како и целосен ветинг во судството, правосудството кај политичарите и кај други поединци во општеството“, рече Ковачевски.

„Има еден посебен дел за младите кои што самите млади луѓе работеа и го изработуваа, грижа за сите во делот на социјалната заштита на пензионерите, безбедноста и одбраната на државата и секако еден јасен акциски план ставен во програмата во делот на имплементацијата на сите потребни мерки и чекори за полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ до 2030 година“, рече Ковачевски во денешното интервју на ТВ Сител, во Тема на денот.

Последни вести