fbpx

Нема параван за невистините на ВМРО-ДПМНЕ, велепредавство е токму штетното делување против македонската иднина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Целото политичко делување на ВМРО-ДПМНЕ се сведува единствено на пласирање невистини и ширење лажни вести. Без изградени ставови за клучните прашања, без концепт и политики во интерес на граѓаните .
Нема јавен настап на опозициската партија кој не е полн со невистини, измислици и клевети.

ВМРО-ДПМНЕ во очај поднесува кривична пријава за непостоечко дело, нешто што нема никаква врска со реалноста ниту пак со некакви кривични дела.

Неоснована пријава на ВМРО-ДПМНЕ не е само лажно пријавување, туку е и показател дека се уште би сакале да го злоупотребуваат судството како што го злоупотребуваа 11 години наназад.
Вакви провидни очајни чекори покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ нема аргументи. Нема параван за невистините на ВМРО-ДПМНЕ.

Од штетното делување на ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорге Иванов, насочено против македонската иднина, против членство во НАТО и ЕУ и против зајакнувањето на македонскиот идентитет и посебност нема поголемо велепредавство.
Тоа нема да помине. Договорот е патриотски чин што ги обезбедува врвните националните и државни интереси, чин што го зајакнува македонскиот идентитет и ја обезбедува европската иднина на Македонија.

Граѓаните, СДСМ и сите демократски општествени чинители нема да дозволат деструктивните сили да ја вратат Македонија во времето на изолација, тензии, поделби и неизвесност.
Македонија се движи по вистинскиот, по евро-атлансскиот пат, без разлика дали тоа му се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ или не.

Граѓаните на референдум ќе го имаат последниот збор. Доаѓа време за историското ДА за зачуван и зајакнат македонски идентитет, ДА за влез во ЕУ и НАТО, ДА за македонската иднина.

 

Скопје, 05.07.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести