fbpx

Николовски: Го започнавме и во новиот маднат целосно завршиме најголемиот водоснабдителен проект за изградба на четири системи за наводнување вреден 120 милиони евра за нови 13.500 хектари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

И покрај сите светски кризи со кои се соочивме, ковид, енергетска и економска, успеавме да ги зачуваме работните места на граѓните, да ги поддржиме компаниите, да ги помогнеме граѓните. Докажавме дека не се сите исти. Дека ние можеме и знаеме како подобро да водиме државата, истакна коносителот во ИЕ 3 на коалицијата за европска иднина, Љупчо Николовски на митингот во Велес.

Ги започнавме активностите за изградба на системот за наводнување на земјоделското земјиште Лисиче. Денес конечно по 15 години откако е изградена браната Лисиче, се компелтираат сите 3 фази, а системот за наводнување станува реалност.

-Хидросистемот Лисиче е дел од досега најголемиот капитален водостопански проект, што оваа Влада го започна. Најголем и по површина и по буџет. Заедно со овој хидросистем Лисиче градиме четири нови системи за наводнување, опфаќајќи нови 13.500 хектари обработливо земјоделско земјиште, од Велес и Чашка, па преку Валандово и Неготино се до Гевгелија, инвестиција вредна 120 милиони евра, истакна Николовски.

Тој во своето обраќање додаде дека оваа, но и многуте други инвестиции во Велес и истокот, ја потврдуваат нашата посветена работа, македонскиот исток да се развива со забрзано темпо. Од некогаш заборавен крај, денес македонскиот исток е развиен, со нови модерни и безбедни патишта, со вложување во образованието, детските градинки, со грижа за старите лица, истакна Николовски.

На чекор сме до тридеценискиот европски сон, нагласи Николовски и додаде -даваме гаранција дека европската иднина може да стане реалност во следниот четиригодишен мандат.

-Европската иднина значи повеќе за сите. Гарантираме повеќе извоз од увоз на храна, преку вкупна поддршка на земјоделството од 1,35 милијарди евра. Убавите македонски производи да бидат дел од големите европски пазари, рамо до рамо, еднакви со другит земји членки, истакна Николовски.

Младите имаат посебно место во нашата програма, но и добиваат шанса активно да се вклучат во креирањето на подобри политики за младите.

-За 50% ја зголемуваме поддршката за младите земјоделци, од 10.000 на 15.000 евра поддршка за започнување со земјоделска дејност, која авасно ќе ја добиваат младите. 20.000 евра, пак, добиваат младите земјоделци кои го преземаат земјоделското семејсно стопанство. За младите земјоделци обезбедуваме до 100% поголеми дополнителни субвенции во првите 5 години од кога го превземаат земјоделското стопанство. За 40% ја зголемуваме и поддршката која како стипендија ја даваме до студентите од областа на земјоделските, шумарските и ветеринарните. Од 18.000 денари на 25.000 денари. За период од 9 месеци во годината, започнувајки од 2025 година, истакна Николовски.

Донесовме тешки, но храбри одлуки и ја отворивме иднината на државата, истакна Николовски пред велешани. Покажавме лидерство и направивме државнички одлуки.

Во сите важни одлуки за државата, активно учество и свој придонес има нашиот претседател Стево Пендаровски. Стево покажа дека Македонија заслужува и може да има претседател за сите граѓани. Претседател што е гласен и критичен, кој обединува. Претседател меѓународно ценет и дома почитуван од граѓните, истакна Николовски.

Николовски ги повика граѓаните на Велес на обединување кон иднината, Велес и целиот македонски исток оди на победа, победа за европска Македонија.

Последни вести