Клучна определба во новиот мандат на СДСМ е европски систем на правда и целосен ветинг.
Никој, ниту еден функционер, директор, пратеник, раководител нема да биде поштеден без разлика од која политичка партија доаѓа.
Нѐ очекуваат сериозни реформи во судството, од ветинг на судии и јавни обвинители до проверка на потеклото на имотот на сите функционери, без исклучок.
Европската иднина значи европски правила, почитување на европските вредности, носи европски систем на правда, одлучна, бескомпромисна борба со корупцијата на сите нивоа.
Нема откажување од европската иднина.