fbpx

Маричиќ: ЕВЕ ЈА РАЗЛИКАТА МЕЃУ ОНИЕ КОИ НЕМААТ ПЛАН И НИЕ КОИ ИМАМЕ ПЛАН!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Маричиќ: ЕВЕ ЈА РАЗЛИКАТА МЕЃУ ОНИЕ КОИ НЕМААТ ПЛАН И НИЕ КОИ ИМАМЕ ПЛАН!

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник во ИЕ 1, Бојан Маричиќ, со порака за македонскиот план за членство во економски најмоќната унија на светот и со реален план за членство во ЕУ до 2030 година.

Маричиќ во својата изјава ги пренесе најважните пораки за усвојувањето на преговарачката рамка каде што стои потврда за нашиот идентитет и македонскиот јазик.

Тој ги истакна главните достигнувања во процесот на евроинтеграција:

„Започнавме преговори. Го отворивме скринингот. Успешно го спроведовме и го затворивме скринингот. Имаме јасен план за реформи и подготвени сме за отворање на поглавјата. И следен чекор е да ја исполниме единствената наша обврска – проширување на Уставот во делот на етничките заедници. Чекор со кој ништо не губиме, а добиваме исполнување вековна цел. Тој чекор сега го кочат токму оние кои НЕМААТ ниту намера ниту план за македонски влез во ЕУ.“

За крај истакна дека воочлива е разликата меѓу оние кои имаат и оние кои немаат план, со повик да успееме сите заедно со вклучување на граѓаните да бидат дел од реализација на европската иднина на државата за полноправно членство во ЕУ до 2030 година.

„Ние ВЛЕЧЕМЕ НАПРЕД, тие кочат и го влечат македонскиот народ ПОВТОРНО НАЗАД. За да ја тргнеме домашната блокада. Да ги отвориме поглавјата. Да ги користиме средствата од европскиот План за раст. Да ги заокружиме реформите. За завршени преговори до 2028 година. За полноправно членство во ЕУ до 2030 година.“

Последни вести