Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ треба конечно да ја напушти матрицата на изолација, поделби и деструктивност и да го поддржи договорот којшто става крај на 25 годишниот спор што ја влечеше Македонија надолу и го зајакнува и зацврстува македонскиот идентитет.
Договорот го гарантира и го зајакнува македонскиот идентитет и никој повеќе нема да го оспорува или негира. Македонски јазик, Македонци, Македонски, Македонец, Македонка, обезбедено еднаш засекогаш.
Членството во ЕУ и НАТО се врвен државен и национален интерес и затоа, ако се води од овие интереси ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Договорот со кој се отвора европската перспектива на Македонија и да каже ДА за македонската иднина.
Скопје, 15.06.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈA