Соопштение за јавност
СДСМ е голема партија и ние со крената глава, заедно со целото членство, одиме во вториот круг на изборите, во кој очекуваме масовна поддршка и од нашите симпатизери, но и од сите граѓани“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во вечерашното интервју на поткастот Политиканти.
„Има јасна разлика помеѓу она што го нудиме ние и она што го нуди нашиот политички конкурент. СДСМ нуди продолжување на европскиот пат на државата, завршување на преговорите до 2028 година и членство во ЕУ до 2030 година. Ова ВМРО ДПМНЕ е истата партија којашто 11 години не направи ништо во однос на зачленувањето во НАТО и отпочнувањето на преговорите со Европската Унија“, изјави Ковачевски.
Тој најави дека кампањата на СДСМ, под слоганот „Нема откажување од иднината“, продолжува со ист интензитет преку секојдневно одржување митинзи и средби со граѓани. Ги повика граѓаните да размислат кому ќе го дадат гласот на 8-ми мај, бидејќи овие избори се одлука за европската иднина на Македонија.
„Јас сум убеден дека граѓаните нема да сакаат да дадат толкава моќ на една конзервативна влада, бидејќи сите видовме како таквото давање моќ изгледаше 11 години. Затоа ги повикувам граѓаните, на 8-ми мај, во вториот круг од претседателските избори да гласаат за Стево Пендаровски, а на парламентарните избори да ја поддржат Коалицијата за европска иднина. Само така ќе обезбедиме сигурна, безбедна и мирна иднина за државата“, порача Ковачевски.