fbpx

Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ имавме заробена држава, тогаш се затвораа медиуми, се тепаа студенти, никој не смееше да протестира

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Македонија до 2016 година беше заробена држава во која немаше слобода на медиуми и се тепаа студенти по плоштади и библиотеки“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервјуто на поткастот Политиканти.
„Медиумите беа платени, вестите се уредуваа по телефон. Тоа можеше да го слушне цела држава во прислушуваните телефонски разговори. Ако некој новинар излезеше од тоа клише, го затвораа. Ако студенти излезеа на протест, ги тепаа и по библиотеки и по плоштади. Ниту една група од јавен интерес или лица коишто имаат некаква друга определба од конзервативното мнозинство не смееше да протестира“, рече Ковачевски.

Тој потенцираше дека ваквиот однос на власта на ВМРО ДПМНЕ многу ја чинеше државата од аспект на напредокот кон НАТО и Европската Унија. Со доаѓањето на СДСМ на власт, работите се сменија и токму затоа Македонија денеска е членка на НАТО и има започнато преговори за членство во ЕУ.
„Дојде СДСМ и ја врати демократијата. Од 2016 до денес, нема воопшто селективност во борбата против коруцијата. Има функционери на актуелната влада коишто се во притвор, осудени итн. Тоа беше незамисливо до 2016 година. Разликата помеѓу авторитарен режим и демократски систем е тоа што во авторитарен режим вие нема шанси да чуете за корупција затоа што ниту еден медиум не известува за тоа“, истакна Ковачевски.

Ковачевски најави дека новата програма на СДСМ и Коалицијата за европска иднина предвидува низа мерки за неселктивна борба против криминалот и корупцијата, кои меѓу другото опфаќаат и „ветинг“ за судиите, обвинителите, пратениците, министрите, директорите и сите останати носители на јавни функции.

Последни вести