fbpx

Македонија се гради како едно општество за сите, да не се дозволи мешање на религиите во образованието

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани,

Градоначалникот на општина Петровец од ВМРО-ДПМНЕ, Борче Митевски, денеска упатил покани за Ифтар вечера, организирана во Основното училиште Братство и единство во с. Коњари.
Добро е што градоначалникот Митевски изразил намера да ја негува и почитува традицијата на нашите сограѓани од исламска вероисповест и тоа е за поздравување. Но, доколку е ова точно укажуваме дека е несоодветно и незаконски тоа да се случува во училиште.

Начелата на секуларноста на училиштата и законските одредби за забрана на било какво верско организирање во училиште мора да се почитуваат.
Како одговорен политички субјект, очекуваме брза реакција од градоаначлникот Борче Митревски, планираната ифтар вечера да ја организира на друга, соодветна локација.
Воедно, очекуваме Министерството за образование и наука, преку Државниот просветен инспекторат да преземе соодветни мерки, во рамките на нивните надлежности.

Не треба да се дозволи да се фрли дамка на еден убав чин, поврзан со традицијата на голем број наши сограѓани и да не се дозволи на било каков начин мешање на религиите во образовниот процес.
Само на тој начин, сите повикани ќе дадат продонес во градењето на едно општество за сите кое ги почитува верските чувства на сите но и законите, начелата на едно праведно и демократско општество.
Македонија се гради како едно општество за сите, една држава, едно семејство на различни вери, кои меѓусебно живеат сложно, со взаемна почит.

 

 

 

Последни вести