fbpx

Силен СДСМ во Собранието е потребен за иднината на државата, граѓаните масовно да излезат на 8 мај

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните треба масовно да излезат да гласаат на 8 мај, со својот глас да ја поддржат идејата за напредна, слободна и европска држава, да го поддржат СДСМ и Коалицијата за европска Македонија.

Силен СДСМ во Собранието е потребен заради иднината на државата, за ДПМНЕ да не го донесе повторно режимот во најава, кој толку долго прогресивните сили во државата се трудеа да го срушат.

Ако десничарска партија како ДПМНЕ на гордиот наследник на Груевски добие преголема моќ, тоа ќе ги убие ЕУ перспективите, ќе ја загрози слободата и демократијата.

Доволно долго Македонија седеше во чекалната за Европа, додека други држави поминуваа, и никој не сака пак да се вратиме таму.

ДПМНЕ ќе ја одложува евроинтеграцијата во недоглед, тие немаат ниту план ниту пак се доследни во остварувањето на стратешките цели. Тоа го правеше и Груевски, тие само ќе продолжат кај што застана тој.

Последни вести