Соопштение за јавност
Во обраќање пред присутните граѓани на вечерашниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Драчево, општина Кисела Вода, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, порача дека СДСМ е цврста и силна партија, која ќе се бори за демократските вредности и европската иднина на државата.
„СДСМ не прифаќа условувања и со никого нема да прави политички дилови. Ова е прашање на иднината на државата и со неа, нема тргување. Фокусирани сме на тоа да го постигнеме најдобриот резултат на престојните избори на 8-ми мај и повикуваме на мобилизација на сите демократски и прогресивни сили за да се спречи враќањето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ“, посочува Ковачевски.
Ковачевски додава идека СДСМ е единствената политичка партија која никогаш нема да се откаже од својата инклузивност и која во континуитет придонесува за мултиетничкиот карактер на Македонија.
„ Деновиве, за жал, слушам опасни наративи кои може лесно да разгорат меѓуетничка нетрпеливост. Лидерите на ВМРО и на ДУИ и претседателскиот кандидат Давкова се однесуваат во најмала рака неодговорно и кон државата и кон граѓаните. Им порачувам на Мицкоски и на Ахмети и на Давкова – граѓаните се свесни за вредноста на мирот и стабилноста што ги гради СДСМ, граѓаните знаат дека на сите нѝ треба европска иднина, а не враќање 20 години во закопаното минато. Престанете да се препукувате со штетни скандирања и закани, кои никому не му носат добро“, изјави претседателот Ковачевски и порача дека тие како политичари, треба да се грижат за иднината, а не за враќање кон минатото.
„Ние нема да ви дозволиме да си играте со европската иднина на нашите деца! Граѓаните нема да ви дозволат да се коцкате со нивната иднина“, порача од митингот Ковачевски.
Ковачевски додаде дека доколку десничарска партија како ВМРО-ДПМНЕ добие преголема моќ, тоа ќе ги „убие“ ЕУ перспективите на државата.
„Затоа, ги повикувам сите прогресивни граѓани кои ѝ мислат добро на државата, да излезат на изборите на 8-ми мај и да изберат европска иднина со СДСМ и коалицијата, да гласаат ЗА Стево Пендаровски за Претседател и да им кажат одлучно НЕ на деструктивните сили кои заговараат внатрешни конфликти, поделби и надворешни изолации и блокади“, заклучува Ковачевски од митингот во Драчево.