Соопштение за јавност
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во вечерашното интервју на телевизија Тера, порача дека СДСМ покажа дека никого не остави да се справува сам со кризите предизвикани од ковид пандемијата и енергетската криза.
При тоа, Ковачевски потенцираше дека преку антикризните мерки беа обезбедени 2,6 милијарди евра помош за најранливите категории, за компаниите, се спасија 80 илјади работни места.
„Не дозволивме ценовен шок на цената на електричната енергија, за која што 90 % од цената беше субвенционирана, ги зголемивме пензиите, платите, за 300 % ја зголемивме социјалната помош и обезбедивме финансиска поддршка за најранливите категории на граѓани. Пред се, тука мислам на пензионерите, потоа на самохраните родители, на студентите на учениците, буквално на сите на кои им беше потребна помош“, рече Ковачевски, додавајќи дека и во време на криза се зголеми нивото на капитални инвестиции, за разлика од ВМРО ДПМНЕ кои трошеа пари на споменици.
„Нивото на реалиција на капиталните инвестиции последните 2 години е на највисоко ниво во историјата на државата, 1,2 милијарди евра за две години и тоа во инфраструктура, државна регионална и локална, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои 1,3 милиони евра потрошија на проектот Скопје 2014, кој што се распаѓа во центарот на Скопје“, рече Ковачевски.
Во интервјуто, Ковачевски потенцираше дека Владата предводена од СДСМ, никогаш не ги делела општините по тоа кој ги управува, дали е градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ или на СДСМ.
„Од нивна страна тоа не беше политички коректно, меѓутоа од наша страна е политички коректно. Јас на крајот на мандатот како премиер направивме распределба на над 30 милиони евра за сите општини во државата, каде што доминантно општините се водени од ВМРО-ДПМНЕ. И ако ја погледнете Битола најголемиот дел од локалните патишта и покрупните проекти се финансирани од Владата на СДСМ, од атлетски патеки, спортски терени кои се обновени во Битола, па се до покрупни проекти како што е топлификација на Битола, РЕК Битола. Завршивме еден многу значаен проект, а тоа е гасификацијата односно комплетирање на гасоводната трансверзала. Со тоа се овозможува РЕК Битола да има пристап до гас што утре ќе може да значи и негова трансформација од јаглен на гас и обезбедување на ко-генеративна енергија, која што ќе биде и електрична, меѓутоа и топлинска за граѓаните на Битола, која што ќе биде по многу ниска цена она што битолчани го заслужуваат“, рече Ковачевски.
При тоа, Ковачевски посочи дека граѓаните треба го дадат својот глас и да имаат доверба во СДСМ и Коалицијата за европска иднина, како политичка опција која има јасна визија како државата да стане подобра од тоа што е денес.