fbpx

Битиќи: Со Планот за раст ние им ја приближуваме европската иднина на граѓаните, а опозицијата им ја одзема

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Со Планот за раст ние им ја приближуваме европската иднина на граѓаните, а опозицијата им ја одзема“, беше една од пораките на вицепремиерот за економски прашања и кандидат за пратеник, Фатмир Битиќи, во подкастот посветен на Планот за раст и за придобивките од него на планот на економијата и зајакнувањето на човечкиот капитал, кој се рализираше заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ и со пратеничката и поранешна заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ.

Битиќи како пример за придобивките од Планот за раст ги наведе проектите од Реформската агенда кои се поврзани со Планот за раст и којашто владата ја достави до Европската Комисија за финансиска подршка за нивна реализација.

„Презедовме обврска дека ќе правиме одредени реформски процеси коишто ќе значат подобрени услуги, зголемена конкурентност на приватниот сектор, подобрена инфраструктура, подобрени енергетски можности и така натаму и навистина се радувам дека конечниот исход од тоа е дека се е поврзано со реформска агенда. Во сегментот на реформи во јавната администрација имаме цел до 2028 да хармонизираме 65 закони со кои се основани државните институции, оптимизација на работните места и секако реформи во администрацијата за ефикасни јавни служби кои треба да испорачаат европски услуги за граѓаните“, нагласи Битиќи.

Во сферата на енергетиката, посочи Битиќи, како една од главните теми за енергетска независност и за зелена енергија има огромен напредок.

„Благодарение на реформите и на инвестициите во обновливи извори на енергија, ние претходниот месец стигнавме на рекордно најмало ниво на увоз на електрична енергија. Само 2,75% од потребите на електрична енергија во нашата земја беа увезени, а бевме до скоро, до декември минатата година на ниво од повеќе од 30%. Тоа е бенефитот и она што ние го зборуваме во нашата програма на СДСМ. Зголемување на капацитетите на производство на електрична енергија од домашните капацитети, притоа зголемувајќи ги капацитетите со обновливи извори на енергија. Тоа е буквално во согласност со Планот за раст“, потенцираше Битиќи.

Тој ги посочи и мерките за олеснување на постапките за инвестиции во енергетиката.

„Ја намаливме процедурата во однос на времето за 50%. Односно ако некогаш, а не многу одамна, беа потребни три или три и пол години за да се одобри голема инвестиција во енергетиката, сега таа е намалена на 18 месеци. Разликата е очигледна“, рече Битиќи.

Во завршницата на подкастот тој нагласи дека планот на СДСМ и на Коалицијата за европска иднина е да дадеме на сите, никој да не биде изоставен.

„Реформската агенда дава подобри услови, подобар живот во Македонија, приближна на европските стандарди за разлика од другата страна, од страна на опозицијата, којашто очигледно нема план. Бидејќи немаат план тие им ја одземаат иднината на нашите граѓани“, рече вицепремиерот за економски прашања и кандидат за пратеник, Фатмир Битиќи, во подкастот посветен на Планот за раст.

Последни вести