fbpx

Ковачевски: Демократијата е како кислород – кога е тука, не ја забележуваме, кога ќе ја снема, се чувствуваме задушено

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Да не си играме со нашите демократски вредности и да осигураме силен СДСМ во Собранието за да може да бидеме чувари на демократските институции. Да осигураме дека нема да ја вратиме државата во „дивите“ времиња на ВМРО ДПМНЕ и Груевски“, порача лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски од завршниот митинг во Скопје.

„ Демократијата е како кислород. Кога е тука, не ја забележуваме. Кога ќе ја снема, почнуваме да се чувствуваме задушено. Кога нема демократија, настапува смрт. Смрт за слободни медиуми, за слободна мисла, за слобода на изразување за слобода на протест. Едноставно шепотите седите дома, се криете и немате каде да го кажете вашето мислење. Да не си играме со нашите демократски вредности и да осигураме силен СДСМ во Собранието за да може да бидеме чувари на демократските институции. Да осигураме дека нема да ја вратиме државата во „дивите“ времиња на ВМРО – ДПМНЕ и Груевски. “, рече Ковачевски.

Лидерот на СДСМ потенцираше дека мора да продолжиме да се бориме и да ја менуваме Македонија ако сакаме да направиме европска држава со ред и поредок, повисок стандард, високо ниво на безбедност и стабилност.

„Затоа и ја креиравме нашата Програма за европска иднина. За повисоки плати и пензии! За поголема поддршка за младите, за студентите, учениците, за ранливите. За поголема поддршка за стопанството и земјоделството. За енергетски независна држава. За конечна и одлучна борба против криминалот и корупцијта. За подобро образование и здравство. За повеќе и подобро за сите!“

Ковачевски ги повика граѓаните на изборите в среда да гласаат совесно и одговорно и да ги поддржат пратеничките листи на СДСМ и Коалицијата за европска иднина и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски како единствена опција која има сила и знаење да ја внесе државата во Европската Унија.

Последни вести