Соопштение за јавност
Коносителката на листата на СДСМ, во петтата изборна единица, Бисера Костадиновска- Стојчевска од митингот во Битола порача дека државата е заедничка на сите граѓани и никој нема право да ја присвојува за лични интереси.
„Да не дозволиме нашите сограѓани да мислат и да поверуваат дека државата е на други луѓе, дека не сме горди на постигнатото. Државата е наша, на сите нас до последен. Си ја зедовме назад во 2017 година од нивните канџи и нема да дозволиме да ни ја земат пак да ја направат само нивна. Наши се и песните, и ората, и јазикот, и традицијата, и историјата. Се е наше! На сите нас! На сите до еден! На сите Македонци кои си ја сакаат државата. На сите Битолчани кои си го сакаат градот како што ние го сакаме“- рече Костадиновска – Стојчевска пред своите сограѓани во Битола.
Таа повика на мудрост на 8 мај и обединување на сите граѓани и прогресивни сили за државата да продолжи по европскиот пат.
„Повикувам на обединување околу вистинските демократски вредности, околу слободата, стабилноста и понатамошниот прогрес на државата. Сега е време да покаже секој од нас одговорност и мудрост, да се остават на страна сите разлики и поделби и да ја гледаме големата цел, а тоа е каде и како оди државата после 8 мај.
Да гласаме за број 1, за Стево, СДСМ, за НОБ, за АСНОМ“- повика Костадиновска – Стојчевска.