Соопштение за јавност
Пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, вечерва во Собранието на Република Македонија искажа клучно признание за начинот на кој неговата партија се однесуваше додека беше на власт.
“Раскалешеност” е зборот којшто Димовски го употреби за 11-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија се уште се справува со раскалашеноста на Груевски, Димовски, Мицкоски и фамилијата, без разлика дали се подготвени да дискутираат за тоа или не.
Владата предводена од СДСМ ја носи Македонија во економски раст наспроти политиките на економска пропаст, политика на одговорно управување наспроти расипничко трошење на парите на граѓаните.
Скопје, 11.04.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА