fbpx

Ременски: ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за националните интереси кои со години ги поткопуваше

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за националните интереси, бидејќи токму ВМРО-ДПМНЕ со години ги поткопуваше националните интереси, ја изолираше државата, го подели општеството и работеше спротивно на интересите на граѓаните, порача во своето обраќање Фросина Ременски, потпретседателка на СДСМ и пратеничка во Собранието на Република Македонија

„Граѓаните го препознаа искрениот пристап на СДСМ и затоа масовно го поддржаа концептот на едно општество. Граѓаните никогаш повеќе нема да бидат изложени на нереални стравови за меѓуетнички тензии. ВМРО-ДПМНЕ веќе не може да практикува националистички политики и да подгрева националистички страсти, бидејќи Македонија е определена да биде модерна европска држава со европски вредности“ истакна пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Ременски.

 

 

 

 

Последни вести