Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ партијата што 11 години го партизираше и злоупотребуваше Министерството за внатрешни работи, вршеше притисоци врз вработените во МВР, денес, нема никаков кредибилитет за зборува за работата на полицијата.
Започнатиот процес на ослободување и реформа на институциите резултира со темелно департизирање на МВР, негова професионализација, зголемена ефикасност и постапување во интерес на законите и граѓаните. Министерството за внатрешни активно работи на расветлување на сите случаи и транспарентно ја известува јавноста за постапувањата.
Недостатокот на гориво, униформи, опрема и руинирани полициски станици беа одлика на расипничкото и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ. За разлика од таквиот однос кон полицијата, денес, системски и посветено се работи на подобрување на условите за работа на вработените во МВР, се градат нови и се реновираат постоечките полициски станици, се набавуваат униформи и соодветна опрема, нешто што не било направено цела деценија за време на владењето на ВМРО-ДПМНЕ.
Суштински се зајакна и улога на полицијата во општеството. Се воведе позорникарската служба или маалскиот полицаец, се засили превентивното делување. Накратко, се врати довербата во оваа институција која прераснува во вистински пријател-заштитник на граѓаните.
Скопје, 03.04.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА