fbpx

ВМРО-ДПМНЕ ги излажа граѓаните, нема поништување на Преспанскиот, нема промена на Преговарачка рамка

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ова е еден вид изборна измама, ВМРО-ДПМНЕ ги излажа граѓаните едно говореше, едно ветуваше, а уште не седнати министри го прават спротивното, нема поништување на Преспанскиот договор, нема промена на преговарачката рамка, целта им била само да дојде на власт, рече пратеникот на СДСМ, Миле Талески денеска во македонското Собрание.

-Чесно е да кажете пред македонската јавност дека ги излажавте граѓаните, дека прва одлука ќе биде промена на преспанскиот Договор, дека ќе го вратите името на државата. А не вашиот кандидат за премиер да каже дека „Република Северна Македонија е реалност и ќе го користи во комуникацијата уставното име на државата. Вие овде не правевте предавници, свиревте со вувузели, скандали правевте, за сега вашиот претседател да каже спротивно, дека немал проблем со уставното име. Тоа е првата лага којшто ја приредите за граѓаните. За Францускиот предлог велевте ќе барате промена на преговарачката рамка. Вашиот потпретседател вчера на телевизија рече дека нема да барате ниту промена на Преговарачката рамка. Кажете и го тоа на македонската јавност. Целта ви била само да дојдете на власт, рече Талески.

Талески ја потенцираше и непринципиелноста на ВМРО-ДПМНЕ посочувајќи го и примерот со обвинувањата за Арбен Таравари дека на коруптивен начин направил куќа.

-Александар Николовски на оваа говорница велеше како Таравари направил куќа во Тавталиџе за 150.000 евра. Е тоа е лагата и не принципиелноста, рече Талески.

Последни вести