Соопштение за јавност
Факт е дека платите растат, а ВМРО-ДПМНЕ продолжува да тоне во минатото, грабежот и криминалот што им го правеше на граѓаните.
Лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ не можат да ги оспорат официјалните податоци од надлежните институции што говорат дека месечната плата во јануари 2018 година е за 5,6 отсто повисока во однос на истиот месец од 2017 година.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, којашто ги дискриминираше вработените во текстилната, кожарската и индустријата за обувки и тие добиваа минимална плата од 9.000 денари, Владата предводена од СДСМ ја зголеми минималната плата и ја изедначи за сите работници.
Денес минималната плата изнесува 12.000 денари и се однесува на сите работници во сите индустрии, а околу 90.000 граѓани добиваат повисока минимална плата. На тој начин, се отвори спиралата за раст на платите, со што порасна и просечната нето плата.
Според официјалните податоци објавени од Државниот завод за статистика, просечната нето плата во јануари оваа година изнесува 24.025 денари што е за 5,6 отсто повисока во споредба со истиот месец од 2017 година кога таа изнесувала 22.750 денари. Ова е најголем раст на платите од 2010 година до денес, а за првпат во историјата просечната нето плата изнесува над 24.000 денари.
Преку успешните економски политики и Планот за економски раст, платите растат и ќе продолжат да растат, а ВМРО-ДПМНЕ продолжува да тоне во сопствените политики на лажни вести, криминал и расипништво.
Скопје, 24.03.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈA