fbpx

Јанушев е смешен и очаен, покажува слики од кампањата од 2016 година, тврди се печателе 2021

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на интревјуто на Игор Јанушев

ВМРО-ДПМНЕ и Игор Јанушев се во сериозна криза и страв, штом со слики од кампањата од 2016 година се обидуваат да докажат дека се злоупотребувала Владата за печатење на материјали за СДСМ во 2021 година.

Очајот и потребата да се спинуваат и покријат сите скандали во кој е фатен Јанушев и ВМРО-ДПМНЕ ги тера да креираат смешни скандали со уште посмешни докази.

Слободно институциите нека истражат за каков тоа скандал се работи со печатење на изборен материјал кој се печател преку временска машина, за потребите во 2016 година, но со датум на печатење во 2021.

Граѓаните се смеат на јаловите обиди на Јанушев и ВМРО-ДПМНЕ даги прикријат сериозните криминали на нивните функционери како денешниот во кој Сања Божиновска преку својата приватна фирма и останала должна на МЕПСО еден милион евра.

Јанушев уште и должи одговор на јавноста во каков бизнис е со Панче Тошковски и да ја објави постапката во која тие двајцата се стекнале со убави станови од над 150 квадрати во центарот на градот во период кога беше актуелен скандалот со набавката на кинеските автобуси.

Последни вести