Соопштение за јавност
Втор ден молк на Божиновска и Мицкоски откако СДСМ го објави скандалот дека преку своја фирма, Сања Божиновска, останала должна на државната МЕПСО речиси 1 милион евра. Молкот и јаловите обиди за пренасочување на темата на ВМРО-ДПМНЕ се најдобар доказ дека се што објави СДСМ е вистина и базирано на факти.
Молчи и Христијан Мицкоски, човекот кој ја постави на позицијата и кој во рацете и го даде целиот енергетски сектор правејќи и министерство за енергетика.
Пред да продолжиме со објавување на скандалот и даваме можност на Божиновска да излезе и јавно да каже, каде се еден милион евра? Дали се вратени или не?
Според наштите податоци фирмата на Божиновска никогаш не ги вратила парите што значи долгот останал. Ако е така мора итно да поднесе оставка.
Понатаму, според анкетниот лист, Божиновска поседува недвижнини од речиси еден милион евра, онолку колку што и должи на државата. Дали со овие пари набавила дел од недвижностите и становите?
Божиновска во кулоарите важи за блиска бизнис соработничка на Мицкоски во енергетиката, па прашуваме, какви бизниси сега планираат тие двајцата? Ова ли ќе биде начинот на работа, преку испумпување пари од државни компании? Која е вистинската причина зошто Божиновска е министерка мора да одговори Мицкоски, овде нема случајности.
СДСМ се сомнева дека преку слични шеми се планираат малверзации и заработки од страна на Мицкоски и Божиновска и дека токму ова е причината за создавање на новото министерство за енергетика.
Божиновска не смее да остане министер, ризикот од слични случаеви во иднина е голем.