Соопштение за јавност
Најнапред треба да добиеме одговор на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ го пушти затвореникот Рамадани да избега, за да му удоволи на коалицискиот партенр. Ниту еден вординг не може да ја изземе власта од одговорноста дека се работи за затвореник пуштен да си оди дома, да се врати на Косово, истакна пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, за „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.
-Самиот директор на управата за санкции, Пандов го повикува министерот за внатрешни работи да даде одговор како се случило бегство на затвореникот баран со меѓународна потерница. Или само е пуштен човекот да си оди дома. Тоа е еден доказ како ВМРО-ДПМНЕ пред своите коалициони партнери замижува пред законите, само да им удоволи на одредени нивни барања, рече Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека не смее да се заборави дека неговото ослободување беше најавено на фејсбук профил на еден од министрите во владата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.
Костадиновска Стојчевска нагласи дека институциите требало да преземат соодветни чекори, за да се обезбеди дека затвореникот баран со меѓународна потерница, нема да избега од затвор.
-Да, треба да се даде одговор и за тоа како е одредена мерката домашен притвор, како всушност се случил пропуст во чекорите? Но и како е тоа поврзано со објавата на министерот за здравство и дали тој прејудицираше нешто дека носење на затвореникот во домашен притвор ќе значи негово бегство, нагласи Костадиновска Стојчевска.
Костадиновска Стојчевска истакна дека ако МВР ги следело сите процедури и додаде дека се направени низа пропусти.
-Побрзии беа реакциите на неговите блиски пријатели во Косово, за разлика од реакциите на судските органи и на МВР во однос на неговиот статус додека беше тука. Сметам дека се направени низа пропусти во однос на обезбедување на неговата безбедност и тоа навистина треба да се истражува на највисоко ниво, рече пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, за „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.