Соопштение за јавност
Никола Груевски колку и да не сака ќе мора да ја прифати реалноста, којашто граѓаните му ја покажаа на последните локални избори и поразот што му го испорачаа.
Судските прогони, притисоците, заплашувањата и уцените кон неистомислениците за кои лицемерно и лажно обвинува Груевски беа главна одлика токму на неговото децениско криминално и расипничко владеење и токму поради таквото владеење, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ беа казнети од граѓаните.
Лажните вести, политиките на поделбите, на ширење омраза и непријателство внатре и надвор од земјата се поразени со заминувањето на Никола Груевски во опозицијата.
Локалните избори за прв пат по подолг период беа фер, демократски и слободни на кои што целосно беше почитувана слободната изборна волја на граѓаните.
СДСМ продолжува да работи одговорно, домаќински, отчетно и во интерес на сите граѓани.
Скопје, 16.11.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА