fbpx

Заев во Кавадарци: Ќе има пари за земјоделците, ја познавам земјоделската мака, да продолжиме по вистинскиот пат за живот на сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

-Ви благодарам кавадарчани што се охрабривте и го заземате вистинскиот пат по којшто се движи цела Македонија, им се обрати претседателот на СДСМ, Зоран Заев на граѓаните на митингот во Кавадарци.

ВМРО-ДПМНЕ, како што рече претседателот на СДСМ, имаше 12 години централна и локална власт, но нив им беа поважни пари во сопствените џебови, а заборавија на интересите на граѓаните.

-Граѓаните даваат чест и одговорност и има да се работи чесно и одговорно. Дали е Митко или некој друг, завршено е нивното време, рече претседателот Заев.

Тој додаде дека централната власт ќе спроведе вистинска децентрализација и ќе префрли голем дел од надлежностите на општините.

-Нашиот став е до крајот на 2020 година општините да добијат повеќе од 95 милиони евра за рамномерен регионален развој. Општините ќе ги спроведуваат одлуките на граѓаните кои ќе се носат на граѓански собири, додаде претседателот Заев.

Чесната работа ќе биде императив и за централната и за локалната власт, вети претседателот на СДСМ.

-Ги слушате овие денови последните лаги на Груевски. Тие повеќе не поминуваат, тоа веќе завршува. Велеше дека немало да има субвенции. Јас сум првиот премиер кој гласно зборува дека е роден во село, кој фатил мотика во рака, копал, берел, кој ги знае сите понижувања на земјоделскиот труд. И знам од искуството како менаџер и како бизнисмен, дека ако има пари за земјоделците, ќе ни ја биде и Македонија. Така ќе работиме што сите ваши пари ќе бидат враќани кон вас, рече претседателот на СДСМ, Заев кој најави редовни и повисоки субвенции.

-Радувајте се, охрабрете се, доаѓа убава иднина во вашето Кавадарци и нашата Македонија. На 29 октомври на овој плоштад да славиме победа на животот во Кавадарци како во Македонија, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на митингот во општина Кавадарци.

 

 

 

Последни вести