fbpx

Заев: Конче ќе го поврземе со Струмица и Валандово, субвенциите ќе растат, земјиштето ќе се дава на вистинските земјоделци

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Го враќаме животот во Македонија, но цело ќе биде се кога ќе се случи животот во сите општини во Македонија. Конче лани во декември победи, овој пат очекувам работата да се заврши во првиот круг, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев, на денешната средба со жителите на Општина Конче.

„За 2018 година субвенциите ќе растат и за тутунот и за сите земјоделски производи. Сакам да знаете и да бидеме на чисто, тутунот ќе се откупува за 60 денари третата класа, четврта класа ќе нема. Втората класа ќе биде 70 денари, а првата класа ќе ја субвенционираме 80 денари. Ќе ги основаме повторно месните заедници, ќе бидат правен субјект. И овде ќе се соберат граѓаните на Конче, и ќе одлучат тоа што е државно земјиште во атарот на Конче на кој навистина да му се даде, да си плаќа концесија и од тоа да живее“, рече претседателот Заев.

Пред граѓаните на Конче нагласи дека за да има развој општината, таа мора да биде поврзана со Струмица и Валандово.

„Само така ќе има проток на луѓе, проток на стоки, развој и инвестиции. Ви ветувам, го знам патот на памет, оти само јас го имам поминато тој пат од сите политичари во Македонија. Ќе направиме спојка на Долно Липовик со Рич и така Конче ќе го поврземе со Струмица. И ќе продолжиме понатаму, ќе го поврземе Општина Конче со Валандово, ќе го отвориме како пупка за да има развој овој наш народ и оваа прекрасна мултиетничка општина во срцето на Македонија“, порача претседателот Заев.

Претседателот на СДСМ нагласи дека во државата има пари, но треба да се работи чесно и организирано. Со чесно работење, рече претседателот Заев, Владата за четири месеци заштедила 45 милиони евра, од каде што се обезбедиле пари за евтината тарифа на струјата, за минималната плата, за стечајците, за повисоките субвенции.

Тој ги повика граѓаните да излезат на гласање и да ги поддржат кандидатите на СДСМ и коалицијата.

 

 

 

Последни вести